Пред самиот влез во Кичево од десната страна, доколку се движите од Охрид има табла која ве насочува кон едно посебно духовно светилиште сместено на 920 метри надморска височина на планината Цоцан во Кичево, манастирски комплекс посветен на Пресветата Богородица Пречиста. Оддалечено 10 км од градот Кичево.
Се насочивме токму по тој пат, а полека по угорниците се надзираше велелепното божествено парче како дел од рајот, распослано во шумскиот предел кое зрачи со беспрекорна духовност, позитивна енергија и на моменти чуство како да сте поблиску до Бога. Патот кој нималку не е лесен за возење го искачивме со моторно возило кое ве води до самото место, до една голема дрвена порта над која се идигнува уште поголем конак кој плени со самиот поглед, оддава чуство на мир, спокој и трепет во душата.
Самиот влез во Манастирскиот комплекс е посебно чуство како да влегувате низ рајски порти и го пронаоѓате својот духовен мир, се спојувате и храните со духовни вредности кои тука имаат посебен култ и почит од сите служители на ова свето место кои се одлучиле својот живот да го подарат и поминат во соединнителство со Бога, особено со Мајката Божја чиј манастир е посветен.
Веднаш во вашиот поглед доаѓа голема градба на простран хра, кој го исполнува окото, душата и телото од самиот поглед, а дополнително прави да затрепери срцето од убавина неговата внатрешност кога ќе поминете низ поставените црвени завеси , е тогаш буквално како да влегувате во рајот.
Внатре погледот се вкочанува, здивот застанува од бескрајната убавина која е распослана низ целиот позлатен олтар. Окото неможе да се насити од погледот, која од која ствар е најубава, кој од кој лустер се провисуна надолу и ја отсликува својата убавина која дополнително се рефлектира од живописниот иконостас и фрески кои се исцртани на сводот кој стои нд главата на секој верник, посетител и добронамерник.
Зланото чудо кое се наоѓа во овој манастир според пишаните податоци е дело на познатиот Дичо Зограф во 1865 година.
Тука душата го наоѓа својот постојан мир, телото застанува и смирено го посматра секој украсен детал, едноставно се чуствувате како да се соединувате со мирот кој го оддава светителот, заборавате на се, а вашуте мисли се исполнети со преголема духовна енерија, нахранети сте со духовна храна која до максимум ја исполнила вашата душа.
Дополнително плени со својата грандиозна убавина поставената голема икона на Богородица со Исус во левиот агол од самиот влез на храмот, каде сите верници застануваат да се помолат и остават дар на иконата, а веднаш во непосредна близина се наоѓа и место каде има Света вода од која секој верник може да наполни во шише и понесе со себе.
На самиот излез од манастирот од левата страна се наоѓаат во посебна просторија и мошти од СВ.Петка кои се сместени во посебен простор и стојат пред поставениот иконостас изложени за секој верник -посетител.
На излезот од манастирот пред вас се протегаат иконостаси кои се изработени во стар стил, или пак можеби се добро сичувани со цел да не се загуби автентичноста на овој рајски манастирски комплекс а низ нив слободно се шетаат и по некое домашно милениче кое ужива буквално како домаќин во овој простор.
Посетителите не ја пропушаат можноста да се фотографираат во овој дел кој ретко може да се види во секојдневниот градски предел.
Според преданијата на местото каде се наоѓа денешната чешма во манастирот веднас на влезот од левата страна бил изграден некогашниот древен храм во 1316 година, за потоа во 1558 година биде запален од Османлиите, а неколку години подоцна 1564 месното христијанско население, се обидува на старите темели да изгради нов манастир кој веднаш ја доживува истата судбина.
Она што и денес стои во манастирот е годината 1848 која е вдлабена во преубавиот мермер пред олтарот од кога повторно заживува и трае до денес овој голем манастирски комплекс.
Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затворањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште. Пред и за време на Илинденската епопеја во манастирот прибежиште наоѓале комитските чети кои делувале во овој регион.
На 21 септември секоја година се собира голема маса на народ кој го празнува празникот посветен на Мајката Божја. Краток одмор во манастирот може да си дозволи секој добронамерник.
patuvanja.mk