Египетскиот комплекс пирамиди во Гиза минатата година угости 14,7 милиони туристи

Египетскиот комплекс пирамиди во Гиза беше домаќин на 14,7 милиони туристи од целиот свет во 2023 година, известува Анадолу.

Сместен во градот Гиза, југозападно од главниот град Каиро, во комплексот Гиза се наоѓаат три пирамиди, Кеопсовата или Голема пирамида, Хефреновата и Микериновата пирамида.

Кеопсовата пирамида, позната и како Голема пирамида или Пирамида на Куфу, е гробница на фараонот Куфу во Гиза. Тоа е најстарата и најголемата пирамида во Гиза и најстаро од седумте светски чуда, со височина од 140 метри. Се смета дека околу 100.000 луѓе цели 20 години ја граделе Кеопсовата пирамида. Секој камен е висок 2 метри, а некои се и по 5 метри во височина.

При посетата на комплексот, туристите ги пречекуваат коњски кочии и камили, а во близина се продаваат и сувенири.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds