Најголемото централноевропско езеро често се нарекува Унгарско Море.
Во трансдунавскиот регион на соседна Унгарија, постои една од најпосетуваните атракции во тој дел од земјата, што не е изненадувачки, бидејќи Балатон е најголемото езеро во централниот дел на Стариот континент.
Реката Зала е одговорна за најголемото количество вода што се влева во ова пространо езеро. Во летниот период просечната температура на водата е околу 25 Целзиусови степени, а во периодот меѓу јуни и крајот на август трае екот на сезоната, информираат од „Стипендиумхунгарикум“. Еден од најважните вински региони во земјата се наоѓа во близина на северниот брег на езерото. Некои од најпознатите туристички центри се наоѓаат на јужниот брег на езерото Балатон.
Плажи на Балатон
Иако нема сомнеж дека езерото Балатон, или како што се нарекува „Унгарското море“, е погодно за посета речиси во секое време од годината, најголемиот дел од посетителите се во лето. На езерото има бројни плажи, при што повеќето од нив имаат камења или трева, додека вештачки песочни плажи може да се најдат во близина на туристичките центри. Постепеното влегување во водата е основна карактеристика на сите вакви плажи на Балатон.
Платото Балатон
Северниот брег на Балатон е познат по истоименото плато на кое има неверојатни 464 скалила. Скалите Бујдошок навистина претставуваат една од исклучително познатите атракции во тој дел од езерото. Да ви кажам искрено, иако искачувањето на толку многу скалила можеби не е многу пријатно за некого, наградата во вид на поглед од врвот е сосема доволна за да заборавите на напорот за време на искачувањето. Токму во областа на платото Балатон има многу автентични села, но и многу други знаменитости кои го привлекуваат вниманието на посетителите.
Познат вински регион
Некои од надалеку познатите унгарски вина се произведуваат во близина на езерото Балатон, првенствено во регионот Бадачони. Се верува дека овој регион играл значајна улога во производството на вино во периодот на римското владеење над областа. Во околината на Балатон, на самиот врв на истоимениот полуостров, се наоѓа и Тихани, еден од најстарите градови од средниот век во целиот регион. Туристите кои го посетуваат ова унгарско езеро често ги привлекуваат крстарења по езерото, што секако е една од попривлечните активности на езерото Балатон.
telegraf.rs