Светилникот Алмади во Дакар – популарна туристичка атракција на Сенегал

Светилникот Алмади во Дакар, Сенегал, е една од најпопуларните туристички атракции во овој регион, јавува Анадолу.

Овој светилник со години се грижи за безбедноста на поморскиот сообраќај покрај западниот брег на супсахарска Африка.

Сместен на мал карпест гребен на Атлантскиот Океан, светилникот е оддалечен само нешто повеќе од километар од брегот на Дакар.

Посебно е атрактивен бидејќи се наоѓа на најзападната точка на африканскиот континент. Светилникот, кој го населуваат чапји, е незаобиколувачка точка на рутата на туристите што го посетуваат регионот.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds