(ВИДЕО) Санкање по најдолгата патека во Европа, 60 минути среќа и адренлин

Една од најдолгите патеки за санкање во Европа (некои велат и во светот), покрај повеќе од 15 километри спуштање, нуди и посебно задоволство да уживате во зимскиот пејзаж од бајките. Швајцарскиот Биг Пинтенфриц започнува во Фаулхорн и оди преку Бусалп и понатаму до Гринделвалд.

Прекрасната глетка формирана од планините Шрекхорн и Ајгер и врвот Ветерхорн е одговорна за посебна атмосфера и незаборавен поглед. На почетокот на патеката, лоцирана на околу 2.600 метри надморска височина, се стигнува пеш од Фирст до Фаулхорн, преку езерото Бахалпсеј – за што е потребно пешачење и влечење санки на угорницата околу два, два и пол часа.

Вреди да се заобиколи до планинскиот хотел Фаулхорн, изграден во 1830 година. И кога ќе го достигнете врвот – награда за вашиот труд: уникатен панорамски поглед. Патеката за санкање го должи своето име на поранешниот сопственик на хотелот Фаулхорн. Фриц Борен, познат како Пинтенфриц, сакал да се спушта со санки до Гринделвалд после работа.

Таму би останал цела ноќ, се вели дека сакал да се забавува, а како ќе се врател во Фолхорн наутро – останува мистерија. Во тоа време во Фирст немало железница за да се олесни неговото враќање.

Како да стигнете до патеката?

За да стигнете до најдолгата патека за санкање во Европа, можете да земете воз од Женева и да останете во Гринделвалд, каде што ќе најдете хотели, но и прекрасни дрвени куќички за одмор. По искачувањето со жичарница, ќе стигнете до последната станица, каде што можете да изнајмите санка и да се приклучите на другите што одат да се санкаат.

Силниот ветер, стрмниот и лизгав терен не ја олеснуваат авантурата, но штом ќе го достигнете врвот, среќата е неизмерна – а потоа доаѓа најдобриот дел, околу еден час спуштање што може да се помине за половина час, ако сте малку побрзи.

За да не помине пребрзо спуштањето, вреди да застанувате од време на време за да уживате во глетката, а ако имате среќа, можеби ќе забележите и елен на работ од шумата под Бусалп.

ppara.mk

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds