Остатоците од бродот „Панагиотис“ кои лежат на плажата Навагио на јужниот јонски остров Закинтос полека ги снемува.
Овој брод кој епроизведен во Британија во 1937, а подоцна е продаден на сопственици во Грција, на плажата лежи насукан од 1980 година.
Корозијата низ децениите полека го прави своето, па останува прашањето уште колку време на оваа плажа ќе остане оваа светски позната „олупина“ од брод.