Започна ски сезоната на Попова Шапка – 20 евра за дневно скијање, ноќевање од 70 до 100 евра

Денеска и официјално започна ски сезоната на Попова Шапка. Снегот кој паѓаше во текот на викендот овозможи започнување на сезоната со 60% капацитет, а во функција е и жичарата со две седишта и таа за скијање.

Директорот на Туристичкиот центар Адем Авзиу, вели дека оваа сезона почнува порано, а цената на билетите останува иста.

„Денеска почнува ски сезоната 2023/24 иако немаме оптимален снег. Поради високите температури претходните денови и кои ќе следуваат, ние успеавме да ги подготвиме терените за скијање и ги отворивме вратите за скијачите во центарот за скијање, Попова Шапка“, вели Адем Авзиу.

Бизнисите во овој туристички центар велат дека очекуваат добра сезона.

Сметам дека ќе имаме една добра сезона. Снегот падна навреме, бидејќи минатата година снег имавме месец и пол покасно, сметам дека ќе има работа.

Билетите за еден ден скијање се околу 20 евра, а ноќевањето во вилите од 70 до 100 евра.

извор: ТВ 21

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds