Најбајковитото место во Германија

Кога станува збор за празничен декор, секогаш ги одбираме најубавите места во светот.

За денес тоа е – Хохшварцвалд којшто се наоѓа во сојузната германска држава Баден-Виртемберг во југозападна Германија.

Местото е познато по својата прекрасна планинска природа, богатите шуми и големиот број на езера.

Некаде во таа магична природа е сместен и бајковитиот божиќен саем којшто е отворен од 24 ноември до 17 декември 2023.

Посетителите таму ќе најдат пријатна домашна атмосфера, пикантни ароми од вкусни јадења, вистински локални деликатеси сместени во дрвени куќарки.

На сета оваа снежна бајка печат остава и 40 метарскиот вијадукт којшто е осветлен со сијалички во бои и разните атракции за сите возрасти.

Освен тоа тука ќе најдете и автентични ракотворби коишто се продаваат како сувенири.

Навистина бајковито.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds