На европско тло има бројни скијачки центри кои од година во година го привлекуваат вниманието на туристите не само од Европа, туку и од целиот свет.
Многу од нив се издвојуваат од другите поради квалитетот на нивната понуда. И додека некои се наменети првенствено за семејства со деца, има и такви кои првенствено се наменети за сериозни скијачи.
Врз основа на мислењата на читателите на „Конде Насте Травелер“, по 36-ти пат по ред беа доделени наградите „Readers’ Choice Awards“, а по тој повод беа избрани и најдобрите скијачки центри на европско тло, наведува „Cntraveler“. .
Шамони-Мон Блан, Франција
Поради карактеристиките на теренот, овој скијачки центар е првенствено наменет за искусни скијачи, иако има и патеки за почетници и помалку искусни скијачи.
Токму во Шамони се одржаа првите модерни Зимски олимписки игри во 1924 година. Во овој ски центар се наоѓа највисоката жичарница на теренот во западниот дел на Европа, а особено атрактивно е спуштањето на глечерот во самиот центар на Мон Блан.
Андермат, Швајцарија
Некогаш не толку познат скијачки центар на потегот помеѓу Зермат и Сент Мориц, Андермат денес стана еден од најпрестижните скијачки центри на швајцарска почва. Во него има 85 внимателно обележани патеки, а целиот ски центар има 33 жичарници.
Мерибел, Франција
Мерибел исто така се наоѓа во рамките на најголемиот скијачки центар во светот, Трите долини. Повеќето од патеките се наменети за помалку искусни скијачи, со оглед на тоа што се класифицирани во средно ниво на тежина. Овој ски+центар е особено познат по своите après ски активности кои ја комплетираат атмосферата.
Кортина д’Ампецо, Италија
Најпознатиот ски-центар во Италија, Кортина д’Ампецо беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1956 година. Само околу два часа од Венеција, ски-центарот е лесно достапен и има 83 падини и 33 ски-лифтови.
Куршевел, Франција
Друг ски-центар во областа Три долини е познат како модерен. Во него има дури стотина хотели од висока класа, а поради надморската височина на која се наоѓа сезоната трае доста долго. Има 102 скијачки патеки и 46 ски-лифтови.
Кицбил, Австрија
Околу два часа возење го дели Кицбил од градот Минхен во Германија. Овој ски центар е познат по својата автентична, приближно 750-годишна архитектура во центарот на градот, но и по одличната après ски понуда. Во Кицбил има вкупно 96 скијачки патеки, како и 58 ски-лифтови.
Вал д’Изер, Франција
Многу квалитетни падини наменети првенствено за искусни скијачи се главната карактеристика на овој скијачки центар во Франција. Исто така одлична е и гастрономската понуда на Val d’Isère, додека ски центарот е познат и по најголемиот систем за вештачки снег на земја во цела Европа. Покрај 75 лифтови, има и 163 скијачки патеки со различна тежина.
Инсбрук, Австрија
Повеќе од триста километри скијачки патеки се поврзани со дури 111 лифтови во овој австриски ски центар, кој двапати беше домаќин на Зимските олимписки игри.
Сент Мориц, Швајцарија
Модниот ски-центар Сент Мориц се смета за најстариот ски-центар во целиот свет, а надалеку е познат по дури 322 сончеви денови во годината. Вкупно 88 патеки се поврзани со 58 ски-лифтови.
Зермат, Швајцарија
Со речиси 360 километри падини, ски-центарот Зермат, кој беше на врвот на листата на најдобри скијачки центри, е покриен со систем од 55 најсовремени жичарници.