Сибирскиот Јакутск се смета за најстудениот град во светот, а денес се разбудил до -58 степени Целзиусови.
Иако ваквите минуси станаа се поретки поради климатските промени, метеоролозите предупредуваат дека субјективното чувство на студенило е поголемо поради влажноста и ветерот.
Целиот регион Саха, кој е оддалечен повеќе од 4.000 километри од Москва, се наоѓа во зоната на вечниот мраз.
“Секако дека е ладно. Го чувствувате на лицето, веднаш замрзнува. Мојата јакна е обично мека, но кога ќе излезам на оваа ниска температура, станува како пластична кеса. Што се однесува до мобилниот телефон – кога излегов вчера батеријата беше на 90 проценти ја држев во раце.За 15,20 минути батеријата беше целосно испразнета“, изјави Данило Калинкин, турист од југот на Русија.
Галина од Јакутск вели:
„Не, не ми е ладно, навикнат сум на студено време. Јас живеам на север веќе 45 години“.
извор: Dnevnik.hr
фото: AP