Најтесниот хотел во Чешка ги воодушевува туристите со својата единствена архитектура

Најтесниот хотел во Прага, главниот град во Чешка, ги воодушевува туристите со својата единствена и историска архитектура, известува Анадолу.

Хотелската трикатна зграда, сместена на Кралскиот пат на историскиот плоштад Прага, стара 650 години, е најтесната позната зграда во Прага, главниот град на Чешка, со ширина од само 3,28 метри.

Најстариот дел на оваа трикатница е готичкиот подрум со голем масивен ѕид и камени сводови кои останале сочувани. До 1433 година тој подрум бил составен дел од соседниот објект. Се претпоставува дека над подрумот имало тесна улица која подоцна била затворена со оваа зграда.

Од 17 или почетокот на 18 век овој тесен дел од комплексот функционира како потполно независна единица. Во тоа време е додаден и третиот кат.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds