Атрани е град на италијанскиот брег Амалфи за кој повеќето луѓе никогаш не слушнале. Но, само еден поглед во него е доволен да се запраша: како тоа? Целосно нетипичниот изглед на местото веќе треба да се најде на насловните страници и листите на најубавите плажи, но Атрани успешно се сокри во сенка на попознатите градови во областа како Салерно, Амалфи или Неапол… Малото рибарско село има помалку од илјада жители и лице кое штом еднаш ќе го видите, никогаш не го заборавате.
Над него се издигаат две остри карпи, а над плажата има мост и еден куп шарени куќи со мала тврдина на самиот раб. Тесните улички и малата површина успеале да ги сместат жителите и неколку плоштади со фонтани, и стари барокни цркви од средниот век, и тврдината Торе дело Зиро… Се нарекува најмалиот град во Италија, иако технички не припаѓа во категоријата град. Но, барем звучи шармантно.
А, стрмните карпи кријат и две пештери: едната наречена „Куќата на Масаниело“, по човекот што наводно овде се сокрила од неаполската војска, а другата „Пештерата на светиите“, во која се зачувани стари фрески во византиски стил од 12 век. Самото место има донекаде излитено шик изглед, што му дава посебен шмек на привлечност.
Историјата овде се навраќа на самите почетоци на новата ера, кога познатата ерупција на Везув во 79 година ги уништила блиските римски градови. И покрај сè, овде нема орди на туристи или гужви, дури и во екот на сезоната. Автентични, слатки, медитерански – и мирни. Нека остане така, па ако веќе го „резервирате“ за одмор, не кажувајте никому