Неверојатното тиркизно езеро Сорапис кое се наоѓа на Доломитите во Италија

Пешачењето до езерото Сорапис, кое се наоѓа на Доломитите, Италија, е незаборавно искуство, а кога ќе стигнете на врвот, ќе ве пречека прекрасен поглед на тиркизното езеро опкружено со планински врвови.

Ќе ви требаат нешто повеќе од четири часа да стигнете до овој скапоцен камен од Риека, а околу еден час повеќе од Загреб. Самото искачување не е премногу напорно, но ви треба одредена кондиција. Но, трудот вреди затоа што ќе наидете на поглед за паметење. Патеката е добро обележана и речиси е невозможно да се изгубите.

На патот што води од Кортина д’Ампецо до Мисурина, ќе видите површина со чакал каде што можете да го паркирате автомобилот, но има малку места, па затоа се советува да пристигнете порано (особено во екот на сезоната). Првиот дел од патеката што води низ шумата е практично рамен, а потоа следува искачување. Патеката почнува да се стеснува и стрмно да се качува. На најстрмните делови ќе наидете на метални скали, кои иако технички не се тешки, не се лесни за оние кои се плашат од височина.

По стрмниот дел, потребни се околу 20 минути за да се стигне до Рифугија Вандели, планинска куќа на 1.926 метри. Таму можете да пиете кафе или пиво, да ручате, да се освежите и да спиете во соба со кревети на спрат. Куќата е отворена само во летната сезона, а од прекрасното езеро е на неколку минути пешачење. За жал, ова рајско катче секоја година привлекува се повеќе посетители кои доаѓаат неподготвени, во чевли кои не се соодветни за теренот.

И Италијанците се борат со ѓубрето што го оставаат зад себе. Бидејќи до врвот не може да се стигне со автомобил, проблем се и возилата кои посетителите ги паркираат на патот, во близина на патеката што води до врвот. Доколку одлучите да пешачите до езерото Сорапис, имајте на ум дека во случај на дожд или снег, теренот станува лизгав и каллив. Во секој случај, понесете цврсти чевли кои можат да се справат со карпите.

punkufer.hr

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds