Во срцето на Швејцарија, малечкото градче Лугано се отвори како идеална дестинација за луксузно патување, Овој европски град не е ни главен град, а не се издвојува ниту по својата посебна големина – тој е само деветти на листата на најголеми швајцарски градови.
Меѓутоа, Лугано не случајно го нарекуваат Монте Карло во Швајцарија. Овој град се издвојува по своите неверојатни пејзажи и импозантниот поглед на езерото и планините, а прекрасните гледни точки се буквално насекаде. Покрај тоа, во Лугано ќе најдете врвни ресторани и други угостителски објекти, чисти улици и прекрасни продавници.
Освен свежината во воздухот, се чувствува и врвниот квалитет на живот, типичен за Швајцарија. Бајката Лугано, според оние кои ја посетиле повеќе од еднаш, е најубава во есен.