Црна Гора, позната по неверојатното јадранско крајбрежје, живописните плажи и историските стари градови, е место каде се наоѓа и островот Свети Никола. Сместен во азурните води на Будванскиот залив,името го добил по православната црква која се наоѓа на него и која е посветена на Свети Никола.
Ова место нуди прекрасни плажи, барови и изобилство на природни убавини. Патувања.мк го посети островот и Ве водиме на овој остров кој треба да е задолжително на списокот за посета на секој кој оди во Будва.
Островот Свети Никола, кој често се нарекува „Хаваи Будва“, е најголемиот од црногорските јадрански острови. Се протега на приближно 2,4 километри и може да се пофали со разновиден пејзаж кој комбинира карпести делови на брегот, бујно зеленило и недопрени камени и песочни плажи што го прави идеален за љубитите на природата, љубителите на плажите и за оние кои бараат авантура.
Крајбрежјето на островот е украсено со низа затскриени заливи и плажи, секоја со својот уникатен шарм, како што е Малата плажа Свети Никола, и плажите Дивна и Полумесечина, како и карпите кои го опкружуваат и се користат за скокови во кристално чисти води,
За оние кои бараат активности, островот Свети Никола нуди низа водени спортови и можности за авантура. Веслање кајак и летање со падобран влечен од глисер се популарни опции за авантура и истражување на крајбрежјето, додека вљубениците во нуркањето ќе бидат воодушевени од подводниот свет кој го опкружува островот.
Островот Свети Никола е лоциран веднаш до брегот на Будва, а до него се стигнува со брод или такси чамец, што го прави лесно достапен. Краткото патување од Стариот град на Будва до островот трае 15тина минути.
Македонците се топло примени секаде во Црна Гора, а нашиот возач дури запеа и македонски песни во чамецот…….
Покрај природните убавини, на островот има и еден кафе бар со прекрасен поглед на Будва , и ги има овие специфично уредени сепариња, кои се во форма на брод.
Плажите на островот се одлично уредени, има слободни површини и делови со лежалки, а на островот е поставена и оваа нишалка, која повеќе има маркетиншки ефекти и служи за посетителите тука да снимаат и фотографираат стори видеа.
А за оние посилните, стори може да сенимаат и на посматрачницата за спасители.
Островот Свети Никола во заливот Будва, Црна Гора, е доказ за убавината на јадранското крајбрежје и богатото културно наследство на оваа волшебна земја. Без разлика дали барате релаксација на недопрените плажи, доза на авантура во неговата природа, островот Свети Никола нуди навистина незаборавно искуство и доживување.
извор: Patuvanja.mk