Турција: Историското и туристичко место Фригија во Афјонкарахисар

Историското и туристичко место Фригија во турската област Афјонкарахисар секоја година пречекува локални и странски туристи, јавува Анадолу.

Долината со историја стара 3.000 години, привлекува внимание со историските карпести населби, врежаните карпести гробници и самовилските оџаци околу селото Ајазини, долината Гојнус и езерото Емре.

Карпестите гробници од римскиот и византискиот период, карпестите населби и замокот Авдалаз со цистерна во која карпестата маса била издлабена во населба, се едни од местата за посетување во регионот.

Историската долина Фригија, која изгледа како природен музеј на отворено, воодушевува со своите бројни гробници врежани во карпите, монументалните споменици и пештерите.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds