Откријте ја мирната убавина на Глобочичкото езеро – тура со кајаци или чамци низ скриениот зелен рај на Македонија

Сместено во југозападниот дел на Македонија, езерото Глобочица ги поканува авантуристичките души да тргнат на волшебно патување низ неговите живописни пејзажи и мирни спокојни води.

Патуванја мк заедно со клубот Соларис, Ве води на возбудлива тура со кајак, која се протега на 12 километри од селото Ташмаруништа до селото Глобочица, и уживајте во глетките кои се отвораат пред вас.

Во оваа авантура тргнавме од Струга од каде туристите се носат организирано со комбе кое ги превезува до почетокот на езерото кај селото Ташмаруништа.

Тука кајаците се ставаат во вода, туристите влегуваат во кајаците, придружбата во чамецот е цело време со нив, што дава целосна безбедност или припомош во секој момент.

Од тука почнува оваа возбудлива кајак тура низ прекрасната природа од која застанува здивот.

Ова вештачко езеро, малку познато на туристичката јавност денес е своевиден резерват на природната убавина, со бујни зелени ридови и планини кои ги опкружуваат неговите брегови и  секако селото Глобочица кое тоне во мир и спокој кој го нарушуваат само птиците кои прелетуваат над прекрасните пејсажи кога поминува некој чамец.

Додека кајаците тивко се лизгаат низ мирните води на езерото Глобочица, остануваме  воодушевени од убавината што го одзема здивот што се расплетува околу нас.

Опкружено со зелени ридови покриени со густи шуми, блескавата површината на езерото ги рефлектира живописните нијанси на зеленото, создавајќи хипнотизирачка симфонија на бои.

Мирниот амбиент и недопрената природа го прават езерото Глобочица рај за љубителите на природата кои бараат мир и спокојство далеку од буката од чамци, бродови и глисери која ја има на популарните езера.

И додека групата кајаци се движеше поминувајќи ја патеката од 12 километри по езерото, една помлада девојка се почувствува изморена, по што придружбата во чамец го направи своето.

Кајакот беше врзан за чамецот, па младата девојка остана во својот кајак и ја доврши турата влечена од моторниот чамец, уживајќи и натаму пловејќи  езерската вода и уживајќи во природата и пејсажите.

Езерото Глобочица може да се пофали со изобилен и разновиден екосистем, привлекувајќи огромен број видови птици, вклучувајќи чапји, корморани, но и некои видови ретки орли. Мирното опкружување нуди ретка можност да се поврзете со природата и да бидете сведоци на хармоничниот соживот на флората и фауната.Сместено на брегот на езерото Глобочица, селото Глобочица е прекрасна дестинација за крај на веслачката тура.

До селото се стигнува само по вода, па од чамците и кајаците ќе преминете на копно на пристапните скали до обновената црква Свети Илија.

Интересно е да се нагласи дека таа е обновена по 2013 година, но на неа е поставен камен кој е изваден од старата црква Свети Илија, од старото село Глобочица кое е потопено со градењето на браната и полнењето на езерото.

И денес, над површината на езерото од водата излегува јарбол на кој се вее знаме, а кој е поставен на самата потопена црква која е 30 метри под вода.

Во Глобочица нема постојани жители, но за туристичките тури, тука е Бобан, вљубеник во природата, селото и езерото и своевиден домаќин на туристите кои доаѓаат тука. Тој ќе ви раскаже се за Глобочица, од настанувањето на старото село во среден век, па се до градењето на браната и новото село, за славната историја на луѓето од Дримкол, кои од Илинден до НОБ дале голем придонес за слободата во која денес живееме, и ред други стории за овој прекрасен крај.

Турите со кајак завршуваат во дворот на неговата куќа, каде туристите јадат специјалитети од традиционаланта кујна, од комат, проја, до скара и месо од дивеч.

На крајот од турата, вредните домаќини и среќните гости заедно ги изнесоа кајаците до патот од каде повторно со комбиња, туристите се враќаат во Струга на почетната точка од каде тргнавме.

Оваа кајак тура на езерото Глобочица во  Македонија е патување кое ја открива недопрената убавина на оваа зелена скриена оаза. Од мирните води на езерото до селото Глобочица, секој момент ветува поврзување со природата и поглед во прекрасни пејсажи кои го одземаат здивот.

Патувања мк Ви ја препорачува оваа тура за секој љубител на природата, но и за компаниите кои организираат тим билдинг активности во природа, бидејќи во Глобочица понудата е спој на природа, мир, чист воздух и прекрасно гостопримство во селото кое ќе ви ги наполни батериите, ќе ги разбуди сетилата и ќе го паметите долго време.

А сигурни сме дека ќе се вратите овторно.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds