Улицата Ломбард најпозната кривулеста улица во светот

Улицата Ломбард во Сан Франциско е позната како улица со најмногу кривини во светот, а поради својата уникатност стана голема туристичка атракција што секоја година ја посетуваат милиони луѓе, јавува Анадолу.

Се наоѓа во богатиот кварт Рашон Хил во тој калифорниски град, а на потег од само 180 метри има дури осум остри кривини.

Изградена е во 1922 година на предлог на сопственикот Карл Хенри, кој планирал да му ја подари улицата на градот и на тоа место да се направи парк.

Кривините се направени за да се заштитат минувачите (пешаците) и да се намали природниот наклон на улицата од 27 отсто.

Улицата секој час ја посетуваат 250 возила, а на сите возачи им се препорачува да возат со брзина на автомобилите од осум километри на час.

За време на сообраќајниот метеж потребни се и до 20 минути за одредено возило да се спушти низ улицата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds