Турција: Во Кападокија се развива фототуризмот

 Кападокија, во Туркије, којашто ја красат природни убавини, пречекува сѐ поголем број љубители на фотографијата како резултат на зголеменото значење што се придава на нивното споделување на социјалните мрежи, пишува Анадолу.

Историскиот локалитет, познат по карпестите формации, подземните градови, долините, историските градби, како и балоните со топол воздух, прекрасниот поглед, ги привлекува љубителите на фотографијата.

Од изгрејсонце до зајдисонце во регионот, од падините на долината до хотелските тераси, од продавниците за теписи до фармите за коњи, се слушаат звуци од фотоапаратите.

Некои од посетителите како украс ја користат колоритната глетка создадена од балоните со топол воздух, кои се движат меѓу камените формации, познати и како „самовилски оџаци“, од класичните автомобили што ги најмуваат.

До пред неколку години повеќе парови доаѓаа на меден месец во Кападокија за да го овековечат моментот со прекрасни фотографии, додека од неодамна таа е домаќин на сѐ повеќе љубители на фотографијата.

Претседателот на Здружението на фотографи на Кападокија (КАПФОД), Халил Ѓунеш, во изјавата за Анадолу, рече дека стотици луѓе од земјата и од странство ја посетуваат Кападокија за да се фотографираат.

Според него, за да се задоволат потребите, во регионот е зголемен бројот на носии и класични автомобили, додека нивното здружение има 90 фотографи.

„Се фотографира неколку часа на изгрејсонце. Има луѓе што сакаат да се фотографираат на зајдисонце, но повеќето од фотографиите се направени во моментот на полетување на балоните. Класичните возења со возила и коњи започнуваат со изгрејсонцето во регионот. Стотици туристи и парови на меден месец се фотографираат во исто време“, рече тој, укажувајќи дека 30 отсто од туристичкиот сектор отпаѓа на фотографијата.

Мустафа Чанер Јалчин, кој обезбедува услуги за фотографирање на туристите во регионот, рече дека има туристи што доаѓаат само за да се фотографираат.

Фотографот Шабан Чифтчибаши, пак, истакна дека од првата светлина на денот до зајдисонце се трудат да ги имаат најубавите фотографии од туристите.

Енес Озчен, кој доаѓа од Болу само за да фотографира во текот на денот, рече дека глетката во Кападокија е извонредна.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds