Ал-Ула, историски град на културата на Саудиска Арабија

Во северниот дел на Саудиска Арабија се наоѓа градот Ал-Ула, кој уште во древните времиња бил културен центар, а денес привлекува илјадници посетители од целиот свет, известува Анадолу.

Ал-Ула, сместен во провинцијата Медина, се наоѓа на Патот на темјанот, еден од важните историски трговски рути, но и на патот на аџиите во Мека.

Овој град, 1.000 километри е оддалечен од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, и е опкружен со пустина.

Тука, на планината Ислип се наоѓа и Хегра, првото место во Саудиска Арабија кое УНЕСКО го вметна на листата на светско наследство. Овој локалитет е познат и како Ал Хиџ. Древните остатоци, гробниците издлабени во камења сведочат и денес за времето кога тука живееле Набатејците, истата цивилизација која живеела и во Петра во Јордан.

Ова подрачје привлекува туристи, но и археолози, кои откриваат древни предмети во Ал-Ула, во која е користено хиероглифското писмо.

Според податоците на Министерството за туризам на Саудиска Арабија, работите на ископувањата во регионот откриваат дека историскиот град датира од времето на палеолитот, пред околу 200.000 години. Археолошките истражувања спроведени во градот доведоа до откритие на древни гробници и споменици кои потекнуваат од бронзената доба, поточно 3000 до 2000 години пред новата ера.

Извор:Анадолу.

фото:Емре Басаран Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds