Драч – град на ресорти со ULTRA ALL INCLUSIVE понуда на чекор до нас

Драч е град во кој се изградени десетици ресорти и стотици хотели кои нудат услуга иста како во Анталија, а разликата е само во тоа што се достапни цела година и се на чекор до нас.

Погледнете ја втората епизода од нашата пролетна тура низ Албанија, каде по Валона го посетивме Драч.

По престојот во Валона, нашата екипа тргна за Драч кој од Валона е оддалечен  123  километри и се вози околу 1  час и 32 минути.

Од Валона до Драч возевме по автопат и возењето е лесно и релаксирано без некој поголеми предизвици како кривини или нагорнини.

Во Драч се сместивме во еден од најголемите и нај познатите ресорти во Албанија, ГРАНД БЛУ ФАФА , хотелски комплекс составен од повеќе згради, кој изгледа вака: 

Ресортот ГРАНД БЛУ ФАФА е дел од поголема гомпанија ФАФА ГРУП која има три хотели. ГРАНД БЛУ ФАФА е ресорт со 5 ѕвезди, и во својата понуда располага со се што бараат туристите во денешно време. Работи по принципот УЛТРА ОЛ ИНКЛУЗИВ, располага со базени, спа центар, голем ресторан организиран по принципот на шведска маса на која нема што нема, од традиционална албанска и балканска храна, италијанска кујна, до морска храна, а интересно е тоа што овде дел од храната се приготвува пред самите гости…

Спа центарот на ГРАНД БЛУ ФАФА е приказна за себе. Има голем базен,  сауни, турски купатила, џакузи , саолни за масажа и е дизајниран во неверојатен уникатен стил кој прави посебно пријатно чувство.

Ресортот надвор од ОЛ ИНКЛУЗИВ ПОНУДАТА има и ресторан во кој може да уживате во А ЛА КАРТ мени . Овој ресторан е отворен и за посетители кои не се сместени во хотелот, лоциран е до самата плажа и покрај тоа што има прекрасна глетка кон морето, има и врвна храна, послужена од врвно обучен персонал.

Ние во Фафа престојувавме во мај, и веќе на плажата имаше ентузијасти кои се сончаа на мајското сонце и уживаа во пријатниот ветар на Јадранското море, додека во летната сезона плажата пред ГРАНД БЛУ ФАФА е организирана со лежалки и чадори за сонце и изгледа вака:

Од како ја вкусивме храната во ОЛ ИНКУЗИВ ресторанот, се упативме кон центарот на Драч. 

Драч е втор по големина град во Албанија, и е многу раздвижен и жив град.

 Го има најголемото пристаниште во Албанија кое воедно е едно од нај важните пристаништа на Балканот. 

 Драч е град полн со историја која почнува во 7 век пред новата ера , а денес е модерен приморски град кој освен за летен одмор,  заради пријатната клима и благите зими е идеална дестинација за патување вон летната сезона.

Ние го снимивме центарот на Драч и неговото шеталиште кое е пространо и добро организирано, со паркови, детски игралишта и многу кафе барови и ресторани. 

На шеталиштето има споменици на светските музички ѕвезди Боб Дилан и Мик Џегер, потоа споменици на албански херои, и на крај се наоѓа споменик на рибарите, кои тука ги има многу и во текот на цела година ловат и продаваат свежа морска храна на минувачите..

На крајот од шеталиштето се наоѓа оваа градба која има форма на скалила, која е собиралиште на младите, и на која можете да сликате и снимате интересни содржини и да уживате во пријатниот морски воздух.

Денот го продолживме во еден од ЛАНЧ БАРОВИ во Драч во кој уживавме во пијалоци , наргиле, свеж воздух и неверојатниот поглед на Јадранско море.

Следното утро во рани зори се упативме кон аеродромот Мајка Тереза од каде дел од нашата екипа полета кон  Виена, додека другиот дел се врати дома во Македонија…. 

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds