Валона – прва престолнина на Албанија и албанскиот туризам

Патувања.мк Ве води на тура низ Албанија, во која ќе ги посетиме градовите Валона и Драч.

ВИДЕО РЕПОРТАЖА ОД ВАЛОНА И ХОТЕЛОТ РЕГИНА СИТИ

Како поетна точка на нашето патување ќе го земеме Охрид кој од Валона е оддалечен 225 километри и има околу 3 часа и 35 минути возење. Во Албанија се вози по магистрален пат , а на автопат кон Валона се приклучувате после Елбасан. Валона, позната и како Влона е крајбрежен град кој се наоѓа во југозападна Албанија буквално на границата меѓу Јадранското и Јонското море. Со својата богата историја, прекрасните плажи и живописната култура, таа стана популарна туристичка дестинација во последниве години. Нашата екипа се смести во хотелот Регина Сити, кој е лоциран на во нај атрактивниот дел на градот, на самото шеталиште ЛУНГО МАРЕ.

По престојот во Регина Сити, и искуството кое го доживеавме Патувања.мк топло Ви го препорачува овој хотел доколку престојувате во Валона. Хотелот Регина Сити има одлично средени соби кои ги задоволуваат сите потреби на денешните туристи, но има и луксузни апартмани кои нудат повисоко ниво на комфор и уживање. Регина Сити е дел од Регина Груп хотелите, кои имата и сопствен панорамски автобус и брод со кои нудат разгледување на градот и морскиот брег. Бидејќи е лоциран во урбаната зона на градот, хотелот е идеален за сместување во Валона во текот на целата година. На кровот Регина Сити го има нај добриот руф топ ресторан во Валона, кој располага и со руф топ базен од кој се тпужа прекрасна глетка на Валона, но и уживање во специјалитетите приготвени од еден од најдобрите кувари во Валона,- Шеф ЕРМАЛ ДЕМА.

За тоа што има на понуда Регина Груп повеќе од ЈЕРОНА ЗИАЈ маркетинг менаџер на хотелот.

ВИДЕО РАЗГОВОР СО ЈЕРОНА ЗИАЈ МАРКЕТИНГ МЕНАЦЕР НА РЕГИНА ГРУП

А каква е приказната на Валона и што може таму да се види ? Основана во 6 век п.н.е., Валона има долга историја. Градот бил важен трговски центар за време на Византиската и Отоманската империја и одиграл клучна улога во борбата на Албанија за независност на почетокот на 20 век. Една од најзначајните знаменитости на градот е Споменикот на независноста, подигнат во чест на градот каде е била прогласена независноста на Албанија од Отоманската империја во 1912 година. Посетителите на градот можат да го истражуваат и Историскиот музеј на независноста, кој е посветен на борбата на Албанија за слобода.

Друга задолжителна атракција во Валона е Стариот дел на градот, кој всушност е една мал дел составен од неколку улици на кои има стари реставрирану куќи, кои денес се претворени во угостителски објекти. Ние бевме во кафе барот „КОМИТЕТИ“ кој е сместен во некогашниот комитет на Комунистичката партија, а денес ова место изгледа токму вака

Во центрот на градот е и џамијата Мурадие, која е изградена во 16 век за време на отоманскиот период. Џамијата е убав пример за исламска архитектура и сè уште се користи за богослужба до ден-денес, а во нејзина близина е и сарајот на ЕКРЕМ БЕГ. Високо над валона се наоѓаат остатоците од средновековнaта КАНИНСКА ТВРДИНА од каде се пружа не повторлива глетка на градот и целиот залив.

За оние кои бараат порелаксирано искуство, плажите во Валона не се за пропуштање. Градот може да се пофали со некои од најчистите и најживописните плажи во Албанија, со кристално чисти води и мек песок. Најпопуларните плажи во Валона се Орикум, Радиме и Карабурун. Генерално, Валона е град со што да понуди секому. Без разлика дали сте заинтересирани за историја, природа или култура, нема недостиг од работи што треба да ги видите и направите. Со своите љубезни жители, вкусна храна и прекрасни пејзажи, лесно е да се види зошто Валона стана една од најпопуларните дестинации во Албанија.

Следниот ден го продолживме нашето патување кон градот Драч,

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds