Остатоците од древниот град Хатуша во регионот на Црното Море во Туркије се ризница на светското културно-историско наследство, кое го привлекува вниманието на голем број туристи, особено во пролетните денови кога целиот пејзаж е обоен во многу нијанси на зелена боја, пишува Анадолу.
Станува збор за древен град што бил дом на првите цивилизации на Анадолија и главен град на Хетитското Царство.
Поради своето историско значење за откривањето и проучувањето на наследството на народите Хати и Хетити, Хатуша е ставена на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Сместен во турскиот град Богазкале, 80 километри југозападно од Чорум, древниот град Хатуша и храмот Јазиликаја се опкружени со седум километри ѕидови и населено подрачје од два квадратни километра.
Хатуша бил престолнина на хетитската цивилизација во текот на четири и пол века.
Директорот на музејот Богазкој, Ресул Ибис, за Анадолу изјави дека остатоците од Хатуша ги носат посетителите на повеќе од 8.000 години долго патување во минатото.
Тој потсети дека археолошките истражувања на Хатуша траат повеќе од сто години и дека трагите од првите населби во тој древен град датираат уште од времето на халколитот. Ибис рече дека Хатуша за главен град ја прогласил хетитскиот крал Хатусили I. во 1650 година пр.н.е. и дека таков статус имал до 1200-тите години пр.н.е.
По Хетитите, Хатуша бил дом и на други цивилизации, како Фригијците, Хелените и Галатјаните, а населувањето продолжило и во римскиот и византискиот период.
„Траги од сите овие цивилизации денес може да се најдат во урнатините на Хатуша во Богазкале. Илјадници години стари историски артефакти се ископани од урнатините на Хатуша и се изложени во музејот Богазкале. Ги повикуваме сите што се заинтересирани за историјата да го посетат Чорум и да ја запознаат Хатуша“, порача Ибис.
извор: Анадолу.
фото:Анадолу.