Рајската Лефкада – зелен остров со тиркизно море и комбинација од забава и мир !

PATUVANJA.MK ве води на Лефкада, еден од најубавите грчки острови, кој нуди незаборавен одмор за туристи од целиот свет. Островот е познат по своите прекрасни плажи, живописни пештери и убави села.

Лефкада е остров со многу плажи, а едни од најпопуларните се: Porto Katsiki, Egremni и Kathisma. Porto Katsiki е плажа која ги остава сите без зборови со својата убавина. Сместена е на југозападниот дел на островот и е достапна само преку скалите по кои се спуштате од висината на карпите од песокот на плажата. Но, напорот да се спуштите по скалите, секако се исплаќа кога ќе ги видите кристалните води и белите песоци.

Egremni е друга плажа која е најдобра за оние што сакаат да уживаат во мир и тишина. Оваа плажа е поголема отколку Porto Katsiki и е достапна преку песочен пат со автомобил.

Kathisma е најголемата плажа на островот, со многу ресторани и кафетерии во близина. Ова е одлична плажа за тие што сакаат да уживаат во журки и да се забавуваат со пријателите.

Но, Лефкада не е само за плажа и сонце, таа нуди и многу други активности. Градот Лефкас е место каде што туристите можат да уживаат во шетање по старите градски улички, разгледување музеи, катедрали и крепости. Ноќниот живот во градот е нешто што секако не треба да се пропушти. Градот е полн со ресторани, барови и клубови кои нудат многу добра музика и храна.

Нај познато село на Лефкада е Агиос Никитас, мало рибарско село, кое денес е целосно организирано во туристичко село, каде секоја куќа е претворена во апартмани, а има и многу ресторани и кафетерии.

Видео од плажата Милош снимено со мобилен телефон

Веднаш до Агиос Никитас е плажата Милош до која се стигнува единствено по воден пат. Оваа плажа е „не организирана“, на неа нема шанкови и лежалки , и можете да уживате во „звоците на природата“ кое повремено може да ги нарушат само бродчињата кои превезуваат туристи од селото до плажата.

Но, најубавото место за уживање на Лефкада е крстарењето со бродови околу островот. Туристите можат да уживаат во прекрасните морски пејзажи и да истражуваат скриени плажи и пештери.

ВИДЕА СНИМЕНИ НА ЛЕФКАДА СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Превоз со мали бродчиња и чамци од Агиос Никитас до плажата Милош
Патот од Лефкада до градот Парга

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds