Исполнета со прекрасни бои, есента може да донесе вистинско освежување по долгото и жешко лето – мислење што го делат љубителите на патувања ширум светот.
Откријте некои од најдобрите места во светот каде што можете да уживате во фасцинантните, разнобојни есенски пејзажи. Од спектакуларни планински предели до раздвижени градски центри, можете да ја изберете вашата омилена дестинација од широката понуда и да уживате во долга прошетка под крошните со живописни бои.
Кјото, Јапонија

Кјото е едно од најдобрите места во светот за набљудување на промената на боите на есенските лисја. Лисјата се најшаренолики во ноември, кога прекрасните крошни на јаворите поцрвенуваат, а просторот околу бројните храмови добива нијанси на жолта и црвена боја.
Каде да престојувате: Куќа за одмор во јапонски стил во Кјото
Езеро Блед, Словенија

Езерото Блед целосно се трансформира наесен! Сликовитото островче среде езерото изгледа како од разгледница, додека лисјата на околната густа шума блескаат во нијанси на зелена, жолта и портокалова боја. Патниците можат да прошетаат околу езерото или да изнајмат велосипед за да ги истражат живописните ридови во близина.
Лејк Плесид, САД

Лејк Плесид нуди совршен амбиент за уживање во мноштвото есенски бои што го опкружуваат. Уживајте во шолја кафе додека ги набљудувате црвените и златните одблесоци на мирната површина на езерото.
Мон-Трамблан, Канада

Многу патници во Канада го избираат Мон-Тремблан за да уживаат во шаренилото на есенските лисја. Сликовитото возење со гондола ве носи до највисокиот врв на планините Лорентијан, од каде што можете да уживате во прекрасните глетки на пејзажот обоен во жолти, портокалови и црвени нијанси. Исто така, можете да уживате во возбудливо возење велосипед или во јавање коњи низ природата.
Кидрих, Рајнгау, Хесен, Германија

Шаренолики лозја се протегаат низ околните ридови, а во живописниот град Кидрих на посетителите им се нудат одлични вина. Не постои подобар начин да се надмине меланхолијата по завршувањето на летото и да се пречека новата сезона, од уживањето во свежиот воздух и благата клима.
Областа Лејк Дистрикт, Обединето Кралство

Со прекрасниот регион Лејк Дистрикт (Lake District) во северозападна Англија доминира симфонија од есенски бои. Овој национален парк, популарен по своите езера, шуми и планини, е совршено место за уживање во величественото, шарено есенско зеленило.
Фисен, Германија

Оваа прекрасна шума е преплавена со есенски бои и нуди впечатлив контраст на мирниот пејзаж околу романтичниот замок Хоеншвангау. Есента е одлично време за посета на замоците Нојшванштајн и Хоеншвангау, благодарение на благите температури и прекрасните пејзажи како од бајка.
Токио

Есента е годишно време што навистина се издвојува во раздвижениот Токио. Уживајте во прекрасните бои и незаборавните посети на бројните градски паркови и ботанички градини.
wish.hr









