На 26 август на градскиот плоштад ќе биде претставена книгата „Кирлица и Ќебапи“, дело во кое авторот го пренесува своето искуство од двонеделното патување низ Северна Македонија.
Книгата претставува своевиден патопис низ земјата, со посебен акцент на Скопје и Охрид, но и на македонските манастири, пазари, природните убавини и слатките води.
Преку лични впечатоци и доживувања, авторот ја претставува Македонија од поинаква, туристичка и културна перспектива, откривајќи ги местата, луѓето, традицијата и гастрономијата што го одбележале неговиот престој.
Промоцијата ќе се одржи на 26 август на градскиот плоштад, со присуство на самиот автор, кој е професор од Трст, а настанот ќе биде можност за присутните одблизу да се запознаат со книгата и со неговите впечатоци од патувањето низ Македонија.
„Кирлица и Ќебапи“ е приказна за две недели поминати низ Македонија – патување низ градови, манастири, пазари, природа и покрај македонските слатки води, видени низ очите на еден посетител од Италија.










