На само неколку километри од Катерини, во подножјето на митскиот Олимп, се наоѓа Олимпијаки Акти – едно од најпосетуваните туристички места на Олимпската ривиера во Грција. Познато и како Олимпик Бич, ова крајбрежно место секое лето привлекува илјадници туристи од Балканот и пошироко благодарение на долгата песочна плажа, чистото море и пријатната атмосфера.
Плажата се протега на неколку километри и е позната по ситниот песок и плитките води, што ја прави особено погодна за семејства со деца. За својот квалитет и чистота, Олимпијаки Акти со години го носи престижното признание „Сино знаме“.
Покрај капењето и сончањето, посетителите можат да уживаат во бројните таверни, кафулиња и ресторани долж шеталиштето, каде се служат традиционални грчки специјалитети и свежа морска храна. Местото нуди и различни спортови на вода, како и можности за вечерни прошетки покрај морето.
Една од најголемите предности на Олимпијаки Акти е неговата близина до планината Олимп и археолошкиот локалитет Дион, што на туристите им овозможува да ги комбинираат морскиот одмор и културно-историските посети. Од местото лесно се стигнува и до Паралија, со која е поврзано преку уредено крајбрежно шеталиште.
Со својата природна убавина, гостопримливост и одлична туристичка инфраструктура, Олимпијаки Акти останува една од омилените летни дестинации за туристите од Македонија, Србија, Романија и другите балкански земји, кои од година во година повторно се враќаат на брегот на Егејското Море.
Toкму затоа за изненадување на гостите или поволност, локалното население тука говори делумично македонски при што на лесен начин се воспоставува комуникација.










