Мавровско Езеро повторно ја открива својата скриена историја. Со значителното намалување на нивото на водата, на површина се појави брод кој со децении бил потонат и чија точна локација не била позната.
Станува збор за пловило кое во минатото имало важна улога за локалното население – превезувало патници помеѓу селата Леуново, Никифорово и селото Маврово.
Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи прават силен контраст меѓу минатото и сегашноста – од времињата кога езерото било полно со живот и транспорт по вода, до денес, кога неговото повлекување открива заборавени траги од едно поинакво време.
Овој неочекуван „враќање од длабочините“ претставува потсетник за историјата на Маврово, но и аларм за состојбата со водостојот на едно од најзначајните езера во земјата.





