Доколку сакате да го поминете летото во прекрасната Италија, или уште подобро во единствената Сардинија, тогаш ќе ги доживеете сите шарми на комплетен одмор во комплексот вили Ис Молас, каде што виталниот дух на Медитеранот се спојува со единствената култура на Сардинија.

Овие уникатни вили се дизајнирани од познатиот Масимилијано Фуксас, додека Доријана Фуксас се погрижи за ентериерот.

Што ги прави вилите Ис Молас во Сардинија толку посебни? Целиот комплекс Ис Молас се состои од четири различни видови вили, а прекрасниот дизајн на секоја од нив е во хармонија со околниот пејзаж, обидувајќи се да го долови древното наследство на околината во која се наоѓа.
Поради сложеноста на околниот екосистем, целата изградба е извршена според највисоките стандарди наметнати од биоархитектурата, а првенствено се користени природни материјали набавени од околното подрачје.

Вилите се со големина од 210 до 470 м² со огромни градини од 1000 до 3000 м² кои се граничат со заштитен планински парк, што му дава на областа посебна микроклима.
Прекрасниот поглед на пејзажот ги опфаќа и зелените површини на голф теренот и совршеното сино море.
Сите љубители на голф ќе уживаат во голф теренот „Гари“, кој има 27 дупки, пар 72, и е составен дел од голф клубот „Ис Молас“, кој беше домаќин на три италијански отворени турнири и на „Волво Мастерс“, престижно меѓународно натпреварување.

Во близина има и два петѕвездени хотели, заедно со луксузна услуга за консиерж која е достапна и за гостите кои престојуваат во вилите.
Комплексот располага со луксузен спа-центар, а гостите можат да уживаат и во приватен клуб на плажа со поглед на древната кула Нора и уникатен панорамски поглед. Во близина има и особено убав плоштад со изобилство од ресторани и бутици.
wish.hr



