Историската тврдина Киренија во Турската Република Северен Кипар омилена дестинација за туристите

 Пристаништето во Киренија, едно од најпознатите туристички места во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), го открива импресивниот поглед кон тврдината Киренија, историски симбол кој носи траги од византискиот, венецијанскиот и османлискиот период, јавува Анадолу.

Сместена веднаш до брегот, тврдината претставува еден од главните културно-историски споменици на регионот.

Тврдината е омилена дестинација за посетителите кои сакаат да ги истражуваат минатите цивилизации и да ја почувствуваат историјата одблизу.

ТРСК секоја година пречекува голем број домашни и странски туристи благодарение на своето богато културно наследство, природни убавини и уникатна гастрономија.

Градот Киренија, со своето живописно пристаниште, камени улици и автентична архитектура, нуди неповторливо искуство за сите генерации.

извор:АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds