Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до старци, сретнав додека го посетував овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера.

За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајки по долги години…секој за својата мака, велат, тука нашол лек.
Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој свет човек се вистински.

Самиот пат до манастиот е предизвик. Ние стигнавме околу пладне. Со автобус може да се стигне само до Долниот манастир, а оттаму со автомобил или такси за кое плаќа едно евро. Но, верниците милуваат да одат пеш, како и самиот чудотоврец.
Велат и ден-денеска тој чекори по таа тесна камена патека во срцето на шумата.
Како и свети Василиј, многумина тргнуваат пеш, но и боси. Постарите велат дека треба да се оди бос, во почит на светителот, но и за здравје и за спојување со природата и верата, бидејќи ова е света траса по која св. Василиј одел секојдневно, како и целиот карпест крај е свето место.

Одев пешки, но не и боса. По околу 40-минутно пешачење стигнавме на врвот. А таму оние кои одеа боси велат дека не почуствувале ни болка, ни студ, сепак е студен октомвриски ден.
А горе не’ пречекаа многу верници, полека се сместуваа да ја поминат ноќта во доворот на манастирот…ќебиња, перници, јоргани, душеци, млади и стари, лица полни со надеж и вера…
За човекот кој животот го посвети на Бога
Свети Василј Острошки е чудотворец кој лекува болни и кој и покрај заканите од тогашните турски власти, никогаш не се откажал од вербата во Бога.
Тој е роден во селото Мркоњиќ, Попово Поле Во Босна и Херцеговина на 28 декември 1610 година во сиромашно семејсто. Уште од мали нозе, родителите го учеле на скромност, на духовно богаство и вера.

Роден како Стојан, растел пасејќи овци, учен од своите за Бога, за соживот и за несебичност. За да го заштитат од турскиот аскер кој ги земал машките деца за јаничарската војска, неговите го пратиле во манастир, каде и останал до крајот на животот, а потоа бил прогласен и за светител.
Монашкиот живот го почнува под закрила на својот чичко, игумен Серафим во најблискиот манастир. По замонашувањето го прима името Василиј. Животот го поминал меѓу народот, зачувувајќи ја верата во опасните времиња, служејќи му на Бога и посетувајќи манастири.
Честопати бил напаѓан од неверици, од турската војска, од непријатели, но тоа не му била пречка во неговата благородна мисија за зачуваување на верата меѓу народот. Починал на 29 април 1671 година во манстриот Острог.
Чудотворната лоза израсната во карпа
Најголемиот дел од својот живот чудотворецот го поминал во овој манастир. И ден денес, неколку века по неговата смрт, на местото каде што починал, расте винова лоза сред карпа.
Ова е вистинско чудо.
Се раскажува дека оваа лоза изникнала на денот на неговата смрт сред карпа, без вода, без семе и без земјиште, како сведок за светоста на св.Василиј Острошки.
Многу жени раскажуваат декаа токму плодовите на оваа лоза им помогнал да зачнат живот, отакако изгубиле надеж дека некогаш ќе бидат мајки.
Прогласувањето за светител
Телото на Свети Василиј монасите го погребале во гробница под црквата Воведение на Мајката Божја, а верниците доаѓале на неговиот гроб да се молат за здравје и помош. А чудата секојдневно се случувале.
Седум години по неговата смрт, светителот му се јавил на сон на тогашниот игуман на манастирот Свети Лука во Парохијата во близина на Никшиќ. Тој го игнорирал сонот, но светителот продолжил да му се јавува. Тој на сон побарал од него да го откопа неговиот гроб. Како што ми раскажаа, по третиот сон игуменот решил да го стори тоа.
Заедно со монасите го сториле тоа и останале зачудени. Неговото тело не било воопшто распадното, било жолтеникаво и мирисало на босилок. Тогаш тие сфатиле дека овој човек навистина е свет.

На 12 мај тој бил прогласен на светител и тој ден е негов празинк во негова чест. Неговите мошти се пренесени во малата црква пред манастирот, каде секојдневно, верници се молат за здравје, а луѓето се сведоци за чудата и моќта на верата.
pravoslavie.mk