Како да се спакувате за патување понесувајќи ги само најнеопходните работи

Патувањето е секогаш возбудливо, но подготовката за него знае да биде вистински предизвик. Една од најчестите грешки што ги прават патниците е преполн куфер со работи кои никогаш нема да ги употребат. За да го избегнете тоа, ви нудиме неколку совети како да се спакувате паметно, понесувајќи само она што навистина ви е потребно.

Планирајте однапред

Најдобар начин да избегнете непотребно пакување е да направите листа. Размислете за бројот на денови што ќе ги поминете на пат, активностите што ќе ги имате и временската прогноза. Листата ќе ви помогне да останете фокусирани и организирани.

Облека според комбинации

Наместо да пакувате облека за секој ден поединечно, изберете парчиња што можете да ги комбинирате меѓусебно. Носете неутрални бои и облека што може лесно да се трансформира од дневен во вечерен изглед. Не заборавајте на удобни чевли!

Минимална козметика и хигиена

Понесете козметички производи во патни пакувања. Шампон, гел за туширање, паста за заби и крема можат да се најдат во мали шишиња, со што ќе заштедите простор. Доколку патувате во хотел, проверете што е веќе достапно таму.

Технологија и документи

Проверете дали ги имате сите потребни документи: пасош, лична карта, билети, потврди за резервации. Не заборавајте на полначот за телефон и евентуално адаптер за струја. Таблет или електронски читач може да замени неколку книги.

Патничка аптека

Мини аптека со најосновни лекови како аналгетици, лек за стомачни проблеми, фластери и лекови што редовно ги користите е секогаш добредојдена.

Совет плус: оставајте простор

Оставете малку простор во куферот – можеби ќе посакате да купите сувенири или нешто локално. Преполн куфер може да ве чини дополнителни такси на аеродромот.

Спакувајте се паметно, уживајте во секој момент од вашето патување и носете со себе спомени – не тежина.

Секако ова зависи дали одите на кратко или долго патување?

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds