Занзибарските дрвени порти чувари на културното наследство

Во тесните улички во историскиот кварт Стоун Таун уникатните дрвени порти сведочат за богатото културно наследство на Занзибар, јавува Анадолу.

Овие порти со рачно изработени резби, сложени мотиви и длабока симболика, кои датираат од крајот на 17 век, претставуваат значаен дел од историјата на островот.

Занзибарските порти, направени од висококвалитетно дрво, не се само украс на домовите туку се и симбол на социјалниот статус, потеклото и верските убедувања на сопствениците.

Нивниот дизајн, кој е уникатен спој на индиски, арапски и свахилски елементи, раскажува приказна за трговските и миграциските патишта што го обликувале овој регион.

Особено се впечатливи портите со метални шилци, карактеристични за арапскиот стил, кои првично биле направени како заштита од напади, но во Занзибар служат како декоративен елемент.

Овие дизајни потекнуваат од Индија, каде што шилците се користеле за одбрана од слоновите, но на овој остров нема потреба од такво нешто – нема слонови.

Стоун Таун, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, е најпознат по величествените дрвени порти.

За жал, голем дел од архитектонското наследство на овој кварт пропаѓа поради недостиг на средства и на политичка волја за зачувување.

И покрај ова, портите често остануваат последен сведок на зградите што се уништени.

Овие порти не само што го красат градот туку и го раскажуваат неговото минато.

Извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds