Шарениот подводен свет на Црвеното Море неверојатно искуство за нуркачите

Црвеното Море, кое е продолжение на Индискиот Океан и се наоѓа меѓу Арапскиот Полуостров и африканскиот континент, нуди несекојдневно искуство за научниците и нуркачите, јавува Анадолу.

Со кристално чистата вода и уникатната биолошка разновидност ова море претставува природно богатство што ја фасцинира цела планета.

Дом на повеќе од 1.200 вида риби, од кои 10 отсто се ендемични, Црвеното Море го привлекува вниманието на истражувачите и љубителите на природата.

Црвеното Море има широк спектар на подводни видови, од големи морски цицачи до помали риби и уникатни корални формации.

Нуркачите имаат можност да видат голем број видови, вклучително и манте (раи), зелени морски желки, дамчести раи и делфини.

Меѓу атракциите што може да се видат додека се нурка во Црвеното Море се и неколку видови ајкули, како што се чекан и спинер. Тука се и јагулата морена, рибите лав, ангел, кловн, скорпија, како и рибата балон.

Благодарение на сувата клима и бистрата вода, алгите што живеат во коралите успеваат да фотосинтетизираат и да им обезбедат хранливи материи, а тоа овозможува развој на извонредната биодиверзитетна средина.

Коралните гребени на Црвеното Море, познати по неверојатната отпорност кон климатските промени и затоплувањето на водите, се меѓу најзначајните морски екосистеми во светот.

Тие не само што се извор на хранливи материи за морскиот свет, туку и заштитна бариера за крајбрежните екосистеми, при што се клучен пример за тоа како природата може да се адаптира на екстремни услови.

извор:Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds