(ВИДЕО) Загреб – централно европски и балкански град со богата историја и живописна култура

Загреб, главниот град на Хрватска, е волшебен град кој беспрекорно ја спојува својата богата историја со модерна, енергична атмосфера. Со својата неверојатна архитектура, шармантни улици,  нуди уникатно и незаборавно искуство за секој посетител.

Разгледување на срцето на Загреб

Во срцето на Загреб се наоѓа плоштадот „Бан Јелачиќ“, кој всушност е главен плоштад во градот. Овој раздвижен плоштад е опкружен со барокни згради, во кои има кафулиња и продавници, што го прави совршена почетна точка за вашето разгледување на градот. Оттука, можете лесно да стигнете до други иконографски знаменитости како што е загрепската катедрала, прекрасна готска структура која доминира во хоризонтот на градот. Катедралата во моментот на нашата посета беше во фаза на реконструкција. Од тука почнува квартот Каптол, – дел од Загреб каде историски се наоѓа седиштето на Римокатоличката црква во Хрватска , а името Каптол всушност е метоним за лидерството на црквата кое го имала во минатото, но и на влијанието кое го има и денес во личниот живот на Хрватските христијани.

На плоштадот Бан Јелачиќ се наоѓа и оваа слаткарница која е дел од познатата фабрика за чоколади Краш. Во неа направивме мала пауза и вкусивме од големиот избор на торти и слатки кои ги нуди. 

Ха Ен Ка – епицентар на културната сцена на Загреб

Загреб е град кој го слави своето богато културно наследство. Хрватското Народно Казалиште (Хрватскиот народен театар) е реномирана институција која е домаќин на различни претстави, вклучувајќи опера, балет и драма. Овој театар се наоѓа на плоштадот Република Хрватска и е една од повпечатливите стари згради во градот која доминира на средината на плоштадот. Објектот е отворен во 1895 година и претставува необарокна зграда. 

Во непосредна близина се наоѓа и „Казалишна Кавана“ која е збиралиште на уметничкиот свет на Загреб. Тука ние направивме кафе пауза. Внатрешноста на кафаната е полна со театарски реквизити, како овие костими кои се користеле во претстави, а на ѕидовите се испишани цитати од реплики на тетарски претстави, како овој цитат од прославената „Господа Глембаеви“ на Мирослав Крлежа.

За љубителите на уметноста препорачуваме да го посетат и Хрватското друштво на ликоvни уметници кое се наоѓа на средина од плоштадот посветен на „Жртвите на фаизмот“. Оваа впечатлива зграда која доминира на средината од плоштадот  е дом на ова друштво , а пред неа плоштадот е разубавен со оваа фонтана. 


Архитектурата на Загреб е фасцинантен спој на стилови, кои ги одразуваат историските периоди и нивното влијанијание врз градот. Горниот град, со своите тесни улички со калдрма и историски градби, нуди поглед во средновековното минато. Долниот град е наследство од периодот на австроунгарија, додека новите делови на Загреб се енергична област со модерна архитектура и жива атмосфера.

Секако во самото срце на Загреб може да забележите буквално како се спојуваат новото и старото, па така до необарокот прилепена е оваа ултрамодерна зграда чија фасата е во контраст со околината, но и оваа висока модерна кула која доминира над старите згради на плоштадот.



Во Загреб можете да уживате во широк спектар на храна којa се нуди во рестораните. Од традиционална балканска кујна, до интернационални специјалитети. Секако согласно патувачка традиција на нашиот портал, со ручекот и овој пат задолжително наздравивме со локално Хрватско пиво.



Загреб е град во кој може да се ужива во текот на целата година. Во зима, градот се претвора во магична зимска земја на чудата, со празнични пазари, лизгалишта и пријатни кафулиња. Во лето, градот оживува со настани на отворено, фестивали и концерти.



Без разлика дали сте љубител на историјата, љубител на уметност или едноставно барате градски одмор , Загреб има што да им понуди на сите. Со своето топло гостопримство, богата култура и впечатливата архитектура, Загреб е град со одлична понуда за неколкудневен престој. Посетете го и доживејте го Загреб во било кој период од годината.

patuvanja.mk

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds