Туристичка атракција на Сибир: Хаски биле кучиња за влечење санки со векови, а денес воодушевуваат со крзното и очите

Хаски е колективно име за неколку раси кучиња за влечење санки кои живееле во арктичкиот регион. Сибирската хаски е раса што ја одгледува народот Чукчи во североисточен Сибир – во автономниот округ Чукотка и на брегот на Охотското Море, известува Анадолу.

Народот „крајбрежни“ Чукчи дури биле третирани како одгледувачи на кучиња, за разлика од одгледувачите на ирваси Чукчи кои живееле малку подалеку од морскиот брег.

Сибирската хаска се смета за една од најстарите раси на кучиња, а научниците веруваат дека живеела уште во првиот милениум п.н.е.

Кучињата Хаски, познати како „сибирски волци“, се поистоветуваат со Сибир, најстудениот регион во Русија.

Хаските во Сургут, лоциран во автономниот регион Ханти-Мансијск во Западен Сибир, се користат не само за одгледување и транспорт на елени, како во многу делови од земјата, туку и за туристички тури.

Народот Чукчи ги одгледувале хаските во североисточен Сибир многу одамна. Тие им биле придружници во влечењето санки при транспортот на дрва и месо.

Овие кучиња, кои привлекуваат внимание со ледено сините очи, се многу дружељубиви и весел карактер.

Густо влакно, компактна структура на телото, силни, со јак грб и одлично здравје – тоа е сè што им е потребно на овие кучиња за да ја преживеат суровата клима на крајниот север. Тие не само што преживуваат успешно, туку имаат и уникатни физички способности кои им овозможуваат да поминат огромна далечина без замор и да го продолжат своето патување по кус одмор.

Овие кучиња не се зависни од ниските температури и можат да спијат на снег, а потребна им е многу малку храна. Народот Чукчи ги хранеле кучињата хаски со замрзната или сушена риба.

Овие кучиња имаат одлични ментални способности и потребна им е интензивна физичка активност и долги прошетки.

Во последниве години, во Сибир се организираат зимски тури со овие животни кои влечат санки, со цел промоција на тоа подрачје.

Директорката на Центарот „Јурга хаски“, Надежда Лебедева за АА изјави дека за сибирските хаски се грижи од 2012 година.

Зборувајќи дека организираат тури со санки за туристи, Лебедева рече дека хаските се користат за влечење санки по замрзнатата река Об, долга повеќе од 120 километри, како и за помали туристички тури.

„Додека патувате по огромната река Об, замрзната на минус 30 степени, сфаќате колку сме зависни од кучињата и колку тие зависат од нас“, објасни Лебедева.

Таа истакна дека северносибирските хаски имаат посебна структура на телото. Лебедева објасни дека шепите на овие кучиња се секогаш топли благодарение на нивниот посебен васкуларен систем.

„Шепите на хаските не се ладат како кај другите раси кучиња, па дури и ушите имаат влакна. Со други зборови, можат да живеат надвор и на минус 40 степени Целзиусови“, истакна Лебедева.

Таа рече дека некои сибирски хаски се разликуваат од оние кои влечат санки по снег бидејќи живеат во куќи веќе неколку генерации. Лебедева додаде дека овие видови повеќе не сакаат да трчаат и повеќе сакаат да го поминуваат времето дома.

„Но, главно овие хаски сè уште се кучиња за влечење санки, исто како и во местото каде што се родени. Ним им треба движење, им треба снег, им треба мраз и авантура“, објасни Лебедева.

Таа истакна дека овие кучиња, кои го надминуваат силниот студ во сибирски услови, се исклучително корисни за луѓето. Таа наведе дека 12 хаски можат да влечат санката во исто време, при што секое куче има своја должност.

„Водачите стојат напред. Потоа следат ‘играчите’. Повеќето се ‘работници’. Потоа следат ‘тркалата’, т.е. оние што се блиску до санките. Секое куче има своја должност“, истакна Лебедева.

извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds