Со своите волшебни шумски и езерски пејзажи, Паркот на природата „Караѓол“, во близина на главниот град на Туркије, создава хипнотизирачко чувство со живописните есенски тонови, јавува Анадолу.
Љубителите на природата уживаат во убавината на есента и нејзиното жолто, портокалово и црвено руво со џогирање или пак преку лежерни прошетки низ паркот.
„Караѓол“ им нуди на посетителите можност да уживаат во уникатните живописни пејсажи не само во текот на есента, туку и во останатите годишни времиња.
Паркот на природата се наоѓа на 68 километри од центарот на Анкара.
Текстурата на шумата и вулканското езеро се главната ресурсна вредност на локалитетот.