Нијагарските Водопади се низа на водопади формирани на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Канада, јавува Анадолу.
Овие водопади, познати по својата зачудувачка природна убавина, силниот звук на водата и виножитата што се појавуваат над нив, секојдневно привлекуваат милиони посетители.
Токму таков момент, каде што виножитото се протега над водопадите, фоторепортерот на АА долови преку својот објектив, каде што посетителите уживаат во величествената глетка.
Освен по спектакуларната убавина, овие водопади се познати и по значајната улога во производството на хидроелектрична енергија.
Составени се од три различни водопади – Потковичест Водопад (познат и како Канадски Водопад), Американски Водопад и Водопад на невестинскиот превез.
Иако многу од највисоките водопади во светот имаат малку вода што тече преку нив, кај Нијагарските Водопади комбинацијата на висина и количина вода создава вистинско природно чудо. Според протокот на вода, најмоќен водопад во Северна Америка е Потковичестиот Водопад.
Нијагарските Водопади се стари околу 12.000 години и биле формирани кога топењето на глечерите создало масивни слатководни езера, меѓу кои езерото Ири, кое е поврзано со езерото Онтарио. Денес водопадите постепено го „гризат“ карпестото дно, повлекувајќи се за околу еден метар годишно.
Со својата моќ и убавина, звуците од милионите кубни метри вода што паѓаат секоја минута, Нијагарските Водопади оставаат траен впечаток кај секој посетител, било да се гледаат од земја или од вода.