Турскиот Сен Тропе сè уште успева да го зачува својот традиционален дух

Сепак, луксузот и гламурот се она што го привлекува вниманието на многумина, иако на полуостровот туристите можат да посетат и некои турски села, за да го почувствуваат духот на традицијата.

Полуостровот Бодрум е споредуван со Сен Тропе со добра причина, иако оваа популарна туристичка дестинација на брегот на Егејското Море може да се ужива и во автентичен дух.

Сепак, луксузот и гламурот се она што го привлекува вниманието на многумина, иако на полуостровот туристите можат да посетат и некои турски села, за да го почувствуваат духот на традицијата. Во селото Етрим, недалеку од луксузните хотели и другите атракции на модерната ера, можете да ги сретнете мештаните, кои сè уште живеат како што живееле во тој дел од земјата во античко време.

Покрај тоа што туристите можат да видат како во пракса изгледа процесот на ткаење на килими, при посета на ова село можат да уживаат и во вкусовите на локалните специјалитети, посочува „Титајмс“.

Покрај тоа, замокот Бодрум, како еден од симболите на полуостровот, се наоѓа во истоимениот залив и датира од 15 век. Посветен на Свети Петар, изграден е од крстоносците, а особено е интересно што за изгледот на оваа зграда придонеле англиските крстоносци и оние од Германија, како и Италија и Франција, бидејќи секој од нив подигнал по една кула.

Во рамките на замокот особено е интересен Музејот за подводна археологија, каде меѓу другото има артефакти кои сведочат за бројни бродоломи во областа.

За сите оние кои имаат желба да искусат нешто поинакво, Бодрум има решение. На различни места околу овој турски полуостров има десетици локации специфични за бродоломи. Вљубениците во нуркање се особено фасцинирани од гребените и морските пештери, како и од урнатините на авиони, кои можат да се видат и во водите на Егејското Море околу Бодрум.

Исто така, на туристите им се нуди една многу интересна активност, која има ефект да го подигне нивото на адреналин, што е очекувано кога некој сака да плива со ајкули.

Недалеку од истоименото пристаниште на полуостровот Бодрум, се наоѓа локација позната како Црниот остров.

Иако се чувствува прилично силен мирис на сулфур, кој доаѓа од топлите извори на минерална вода на оваа локација, се верува дека се работи за лековити води, кои можат позитивно да делуваат на разни кожни болести.

На туристите им се достапни организирани патувања до Црниот остров, како и можност да стигнат до оваа интересна локација недалеку од пристаништето Бодрум со сопствен или изнајмен брод. Освен изворот на топла минерална вода, на овој остров има и ресторан во кој посетителите можат да пробаат различни специјалитети, главно локална кујна.

telegraf.rs

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds