(ВИДЕО) Руски претприемач претворил авион во вила

Рускиот претприемач Felix Demin успеа да претвори патнички авион Boeing 737 во луксузна вила со две спални соби сместена на карпа високо над морето на индонезискиот остров Бали.

Проектот траел три години и вклучувал бројни логистички предизвици, од транспортирање на авионот до неговата локација и негова пренамена во вила.

Иако цените за ноќевање се високи, Private Jet Villa by Hanging Gardens стана едно од најбараните сместувања на островот.

Demin го купил авионот од индонезиски инвеститор и го транспортирал до сегашната локација. Транспортната операција траела пет дена и барала посебна подготовка за безбедно преместување на Boeing до карпата.

Тие ја претвориле кабината во модерна бања со поглед на небото и океанот, додека едното крило станало тераса опкружена со невидлива стаклена бариера.

„Уште пред да го купам авионот, мислев дека е можно да се претвори во некаков уникатен објект и решив да се концентрирам на создавање замок. Сакам луѓето да го искусат „wow ефектот“ секоја секунда од нивниот престој на ова необично место“, тврди рускиот претприемач.

Првично дел од сега непостоечката флота на Mandala Airlinesa, Boeing 737 всушност веќе бил на Бали кога Demin го купил, но допрва требало да биде транспортиран до сегашната локација. Планирањето на самата операција на преместување траела два месеци, а по консултациите со Boeing, неговиот тим одлучи да го расклопи авионот за да може да се транспортира по тесните патишта на островот.

„Моравме да го расклопиме по консултација со тимот на Boeing, одвртевме 50.000 шрафови“, изјави рускиот бизнисмен, додавајќи дека петте дена потребни за да го пренесе до врвот на карпата се поврзани со најнепроспиените ноќи што ги имал воопшто.

„Факт е дека Бали има многу тесни патишта и многу жици кои висат прилично ниско. Имавме група луѓе кои користеа специјална опрема за да ги подигнат жиците повисоко за да не ги допира авионот при транспортот“, објасни Demin.

Скапи ноќевања

Иако локацијата на вилата предизвикува загриженост за безбедноста, Demin истакнува дека авионот поминал бројни безбедносни проверки и ги исполнува сите прописи, вклучително и поставување на бариера на карпата што го поддржува.

Private Jet Villa by Hanging Gardens е отворена за работа од април 2023 година и неодамна стана вирална на социјалните мрежи благодарение на промотивното видео кое го прикажува нејзиниот иновативен дизајн и импресивните погледи.

Цените за ноќевање се движат од 1.600 до 7.000 $ (1.477 до 6.463 евра). Ако можете да си го дозволите тоа, сигурно ќе доживеете уникатно искуство.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds