(ВИДЕО) Острошки манастир, парче рај на Балканот

Духовна храна, позитивна исполнетост и рајски мир во душата е местото од кое се добива сета таа благодет а се наоѓа на Балканот. Острошкиот манастир посветен на Светиот Василиј кој се наоѓа во Црна Гора, во непосредна близина на Даниловград е најпосетуваното верско место на овие простори. Бројни верници го посетуваат ова чудотворно место кое зрачи и оддава мир, спокој, благодет, псалми и тожествен спокој за секој верник, патник, добронамерник кој го посетува.

Стрмниот и тесен пат воопшто не е пречка да се отиде до горната висина, манастирот кој е вдлабен во големата карпа кој оддава еден велелепен поглед од кој доаѓаат морници, измешани чуства, мир и спокој во душата дека сте на вистинското место каде ќе добиете спокој од Бога и големиот светител кој лежи во својот ковчег и ја дава својата исцелителна моќ.

Повеќето верници се одлучуаат стрмната патека да ја искачат пешки и тоа боси, на сличен начин како што се подвизгувал Светиот Василиј, во времето кога дејствувал на овие простори. Па со неговата сила тоа им се остварува, се искачуваат до самиот манастир а притоа со молитва се заблагодаруваат за сторениот чин.

Горе на ова свето место е посебна приказна. Раскошен двор каде во топлите периоди од рана проелт до доцна есен е исполнет до последно место за преконување од сите верници. Конаци за ноќевање од левата страна и веднаш тука сувенирница, да се купи и понесе спомен од Острог, крстена вода, миро, темјан и по некоја симболична бројаница или привезок, а можеби и икона од светецот. Веднаш потоа е просторот кој е наменет за палење свеќи а потоа продолжува делот по скали и влезот кон големиот Светец, каде се поминува првиот влез низ карпа и уште еден помал карпест влез кој на прв поглед оддава впечаток дека нема да има простор за влез со оглед на неговата мала врата, но секој може да влезе кај „живиот“ светец.

Според кажувањата на ова свето место се оди кога Светецот ќе ве повика а не кога вие ќе намислите да појдете. Некои се сведоци на многубројни настани ислучувања кога намислиле да отидат на Острошкиот манастир, а некои дури и лично го искусиле сето тоа на своја кожа.

Ова велисчествено место кое го одзема здивот и ја полни душата со енергија и благодет е едно од најпосетуваните на Балканот. Вгнездено во големата карпа од едната страна a другата стрмна страна се прогета зелен простран простор кој дополнително го храни човековото око и душа. Место за кое вреди да се направи напор и да се посети а потоа да се добие мир и спокој во душата дека сте биле многу поблиску до Бог.

patuvanja.mk

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds