Новиот грчки закон за плажите стапува во сила – Половина од плажата мора да е без лежалки

Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што може да се изнајми повеќе не може да надминува 50% од вкупната површина на плажата.  Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста – значи, без приватни лежалки.

Имплементацијата почнува од оваа пролет, а новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време.

Посебно, новиот закон нагласува аспекти како што се чистење на плажите, обезбедување услуги, пристап до објекти и присуство на спасители, забележува Real Greek Experiences.

Според новиот закон, концесионерите мора да го исполнуваат следново:

– да се обезбеди непречен и безбеден јавен премин на плажата и брегот, давајќи им приоритет на потребите на поединците со предизвици за движење.

– да се ограничи зафаќањето на одобреното подрачје со чадори, лежалки и опрема за рекреација на максимум 60% (30% за областите Натура) и одржување на слободна зона широка четири метри од брегот.

– плажата да биде секогаш чиста.

– јасно да се прикаже знак со информации за концесијата, вклучувајќи ги јавните и правата и обврските на концесионерот, со единствен QR код за секоја концесија.

– да се постават тушеви и соблекувални за јавна употреба.

– да се зачува еколошката рамнотежа на доделената површина.

– да се обезбеди присуство на спасители и поставување на патеки, освен ако тоа не е покриено од надлежната општина.

– да се отстрани мобилната опрема на крајот од секоја сезона, како и на крајот на концесијата и да се врати плажата во првобитната состојба.

Може да важат дополнителни обврски за концесионерите во зависност од конкретната плажа.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds