Краков, градот на полските кралеви

 Краков, еден од најстарите градови во Полска, се смета за главно културно и туристичко средиште на земјата, пишува Анадолу.

Освен што е историски град, Краков со својата величествена архитектура дава значаен придонес и во туристичка смисла.

По големина е втор град (по Варшава) со околу 750.000 жители. Во 1978 година историското градско јадро на градот или Стариот град е вклучен во листата на светско наследство на УНЕСКО, и тоа како прво такво место воопшто. Како поранешна престолнина на Полска зрачи со средновековна убавина и богата историја.

Во текот на 20 век доживеа тешки моменти бидејќи нацистите го избраа за седиште на нивната окупација во Полска. Но тоа е и главната причина зошто историската архитектура е толку добро зачувана бидејќи беше ослободена од разорување, а нацистичките траги се видливи во меморијалните делови на градот и околината.

Еден од најважните симболи на градот е ридот Вавел, каде што се наоѓаат две од најважните знаменитости на градот. Кралскиот дворец е еден од најубавите ренесансни замоци во Европа и седиште на полските кралеви цели пет века.

Токму во овој дворец Полјаците го чуваат најскапоценото уметничко дело „Дамата со хермелин“ на Леонардо. На ридот покрај кралскиот замок се наоѓа и катедралата „Св. Станислав и Вацлав“, која се смета за полско национално светилиште, место на крунисување, но и последно почивалиште на полските кралеви.

Градскиот главен плоштад е најголем средновековен плоштад во Европа со непроменет изглед од 13 век со прекрасната кула Ратушов.

Плоштадот е опкружен со стари камени куќи, најпознатата црква на плоштадот е базиликата „Св. Марија“, позната по својот олтар и звукот на трубата секој час, како и црквата „Св. Војтје“.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds