Италија донесе ограничување за бројот на туристи што ќе ја посетат Венеција

Италија одлучи бројот на лица во туристичките групи што ќе ја посетат Венеција да не смее да биде поголем од 25, за да се намали метежот во градот, известува Анадолу.

Италија најави нови одредби кои стапуваат во сила во јуни 2024 година за да може да се справи со интензитетот на туризмот во Венеција.

Според донесените одлуки, бројот на лица во туристичките групи кои го посетат градот нема да биде поголем од 25, а ќе биде забрането и користењето на разглас, со образложение дека „може да предизвика забуна и нелагодност“.

За да може да се контролира туризмот, претходно е најавено дека на туристите ќе им се наплаќа 5 евра од ден во одредени најпрометни денови во градот.

Организацијата на Обединетите нации (ОН) за образование, наука и култура (УНЕСКО) во август предложи Венеција да се вметне на „Списокот на светско наследство во опасност“.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds