За време на новогодишните празници, луѓето често се одлучуваат за пократки патувања и обиколки на градовите во нашата близина.
Еден од градовите што можете да ги посетите во текот на целата година е Љубљана. Главниот град на Словенија важи за еден од најдобрите избори, особено за време на празниците, а за Љубљана има интересни работи кои можеби не сте ги знаеле.
За почеток, градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ е на таа функција 17 години, а интересно е што е роден во селото Сараорци кај Смедерево.
Уште во 2016 година, Европската унија и ја додели на Љубљана титулата најзелен град во Европа за успешно охрабрување на населението да пешачи повеќе, да вози велосипеди и да користи јавен превоз.
Една од посебните точки на интерес е тоа што можете да останете во затвор во овој град. Имено, во градот се наоѓа Хостел Челица, кој некогаш служел како затвор, а по години на распаѓање, локалните уметници решиле да го трансформираат во хостел.
Исто така, на местото на денешниот град е основана римската населба Емона во 53 п.н.е., додека најважното обележје на Љубљана е Љубљанскиот замок, кој стои на рид над центарот и првично бил изграден во 11 век.