Силниот земјотрес и цунамито во 2011 година оставија неизбришлива трага во јапонската област Тохоку, но националниот парк на островот Ташироџима денес игра клучна улога во реконструкцијата на оваа област.
Кога ќе пристигнете на Ташироџима, брзо ќе разберете зошто се нарекува „островот на мачките“. Имено, омилените четириножни животни ќе ги видите насекаде: на улиците, покрај морето, на плажите, во продавниците, во кафулињата… Мачките првично биле донесени за да се борат против инвазијата на глувци, а денес ги има 4 пати повеќе отколку луѓето што живеат на островот.
Островот има шаториво облик на мачки , една мала продавница и едно кафуле
Веста за ова необично место брзо се прошири меѓу љубителите на мачки ширум светот. Тие на островот можат да отседнат во шатори во форма на мачки, да го посетат храмот посветен на овие животни во центарот на островот, да купат играчки или да си понесат за дома фотографија од мачка со крената шепа, поза за која се верува дека носи среќа.
Островот Ташироџима е мал и идеален за шетање, па го посетуваат и многу „еднодневни“ туристи, кои имаат на располагање само една мала продавница и едно кафуле. Овде ќе пронајдете само две мали села, Одомари и Нитода, а мачките најмногу се собираат во второто, каде што се наоѓа единствената продавница.
Малубројното население се занимава со риболов или одгледување морски алги и тие се многу гостопримливи кон гостите кои со почит се однесуваат кон нивниот дом. Кучињата, секако, се забранети, а бидејќи туристичката инфраструктура е оскудна, се молат сите гости однапред да се погрижат за храната и пијалаците и со себе да го однесат целиот свој отпад.
Населението верува дека крзнените сограѓани им носат среќа
Првите мачки биле донесени на островот пред повеќе од 400 години за да помогнат во борбата против глувците на фармите за свилена буба, од кои повеќето жители живееле тогаш. За нив со години се грижеле земјоделците, рибарите и другите жители кои работеле на островот, верувајќи дека им носат среќа и ќе им помогнат да се ослободат од натрапниците, а подоцна тоа станало начин на живот за жителите на островот.
Сите се грижат за мачките, ги хранат, а двапати годишно островот го посетува ветеринар кој ги прегледува сите мачки и се погрижува да се здрави и среќни. Мачките слободно шетаат по улиците, се собираат по скалите и пред продавницата и очигледно уживаат во вниманието што го добиваат од своите сограѓани и туристи кои ги посетуваат, ги галат, фотографираат, им носат храна…
Мачките како сибол на обнова
Пред 12 години Ташироџима беше погоден од силно цунами кое делумно ги поплави двете села и го уништи пристаништето и неколку згради. Дел од мачките тогаш побегнале од брегот кон внатрешноста, од каде некои никогаш не се ни вратиле. За среќа, поради неговата локација до полуостровот кој го засолнува, на островот немало поголеми штети и инфраструктурата набрзо била поправена, но бројот на жители дополнително се намалил по таа катастрофа. Благодарение на мачките и сè поголемиот број туристи во последниве години, можеби падот на бројот на жители конечно ќе запре.
tocka.mk