Село изградено на вода е неверојатен пример за човечката снаодливост.
Станува збор за живописното село Ганвие, познато како „најголемото пловечко место во Африка“. Овде, луѓето на вода буквално прават сè: се дружат, купуваат на пазар, патуваат со брод до училиште или работа, па дури и до црква.
Ганвие, сместено во средината на езерото Нокуе во Бенин, има долга и фасцинантна историја која датира дури 400 години. Во 18-от век, членовите на локалното племе Тофину се соочувале со очај додека се обидувале да ги избегнат немилосрдните војници на кралството Фон и Дахомеј, кои тогаш трагале по луѓе за да им ги продадат на португалските трговци.
Предците на денешните жители бегале во езерото од страв од војниците кои верувале дека под неговата површина живее страшен демон. Свесни за оваа предност, племето донело храбра одлука и ги изградило своите домови на дрвени столбови среде вода. Името на селото Ганвие, што во превод значи „преживеавме“. Во Ганвие живеат околу 30.000 луѓе, а туризмот е сè попопуларна гранка во економијата.