(ФОТО) Легендарната Килибарна соба во Царско Село 

Царската резиденција во Царско Село во близина на Петербург отсекогаш ги воодушевува посетителите со својата елеганција и гламур. А во дворецот имаше и една просторија со посебна вредност, таканаречената Килибарна соба, објави mk.russiaislove.com.

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Од подот до таванот беше покриена со панели, украсни елементи, паноа и слики од килибар. Интересно е што собата беше создадена пред да биде создаден дворецот.

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Изработена е од германски мајстори, а прускиот крал Фридрих I му го подари на Петар I. Додека руските дворски архитекти и уметници само го доработија нејзиното и онака фасцинантно раскошно уредување.  

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Два века подоцна, за време на Втората светска војна, нацистите кои го окупираа Царско Село ја однесоа од дворецот оваа соба со непроценлива вредност заедно со други скапоцености кои Русите не успеаја да ги евакуираат.

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Благото беше неповратно изгубено, ако не ги сметаме неколкуте пронајдени фрагменти кои во 2000 година беа вратени во Русија.

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Бројните потраги со цел утврдување на локацијата на собата немаа резултати, па се претпоставува дека изгорела (повеќе за тоа можете да прочитате воовој текст).

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Меѓутоа, по повод прославата на годишнината од основањето на Санкт Петербург, собата беше реконструирана до најситни детали. Погледнете ја само таа убавина!

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

Руслан Шамуков/ГМЗ “Царское Село”

извор: mk.russiaislove.com

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds