Академијата за урбанизам во Лондон го прогласи малиот холандски град Амерсфорт за Европски град на годината. Оваа установа обединува научници, политичари и специјалисти од цел свет од областа на урбан и регионален развој.
Жирито го пофали Амерсфорт за квалитетот на животот, прогресивното урбанистичко планирање и за иновативноста, додека истовремено ги зачува карактерот и наследството на градот.
„Амерсфорт се фокусира на добросостојбата и среќата на своите жители, ја ограничува употребата на автомобили и нуди разновидност на прифатливи и квалитетни домови“, стои во одлуката на жирито.
Амерсфорт се наоѓа во провинцијата Утрехт и има околу 160.000 жители.
Меѓу претходните добитници на оваа титула се Ротердам, Берлин, Копенхаген, Лисабон, Билбао, Антверпен и Единбург.
sdk.mk