Колумбија: Гуатапе, најколоритниот град во светот, секоја година привлекува илјадници туристи

Колумбискиот град Гуатапе, еден од најколоритните градови во светот, привлекува илјадници посетители секоја година со своите шарени куќи и прекрасната природа, пишува Анадолу.

Градот, кој се наоѓа на 79 километри од Меделин, вториот по големина град во Колумбија, жителите го нарекуваат „El Penon de Guatape“ или „La Piedra del Penol“.

Градот е познат и по своите големи фарми околу езерото, меѓу кои е и онаа на најголемиот трговец со дрога во светот, Пабло Ескобар.

„Туристите се воодушевени од фармите околу езерото, особено, огромната фарма изградена од познатиот наркобос Пабло Ескобар за неговата ќерка Мануела, што се издвојува како најпривлечна. Туристите често поставуваат прашања за таа фарма“, вели Едгар Моралес Хернандез, планер на тури со бродови и туристички водич.

„Познатите колумбиски фудбалери Џејмс Родригез и Давид Оспина изградија прекрасни вили на брегот на езерото. Карпата Гуатапе и нејзините езера се меѓу најпосетените туристички места во земјата“, додаде тој.

Традиционалните ресторани и возилата за јавен превоз на три тркала наречени „чива“ го привлекуваат вниманието на туристите.

Колоритните куќи бојадисани во склад со колонијалната архитектура со интересни и колоритни мотиви ги водат посетителите на патување низ времето.

Поради богатите резерви на вода, Владата кон крајот на 1960-тите години изгради огромна хидроцентрала во регионот, а одредени населби беа потопени по изградбата на акумулацијата.​​​​​​​

На езерото се организираат и спортови на вода, риболов и бродски тури, а задоволува и 30 отсто од енергетските потреби на земјата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds